Чеферин без конкуренција на претседателскиот избор во УЕФА

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин е единствен кандидат за лидерската позиција во европската фудбалска асоцијација на изборите закажани за во февруари следната година.

УЕФА објави дека до денеска кога беше крајниот рок за пријавување, Словенецот кој го привршува првиот претседателски мандат е единствениот кој испратил апликација. Словенечкиот адвокат за претседател на УЕФА беше избран во септември 2016 година на местото на Мишел Платини. На позицијата дојде од претседателката позиција во словенечката федерација.

Во првиот мандат, Чеферин спореведе неколку реформи меѓу кои и временското ограничување на функционерскиот ангажман во УЕФА, ја зајакна регулативата на Финаскикиот фер-плеј, а почна и Лигата на Нации.

 

Се вчитува...