Чеферин: Хрватските стадиони се срам за фудбалот

Претседателот на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин, даде опширно интервју, а покрај актуелните теми пред претстојното Европско првенство, Чеферин се осврна и на инфраструктурата во Хрватска.

„Мислам дека фудбалската инфраструктура во принцип е срамна. Словенија има подобра инфраструктура од Хрватска, а ние сме помала земја, со помалку фудбалски успеси. Иако и овде државата нема инвестирано ниту едно евро во фудбалската инфраструктура. Мило ми е што сега зборуваат за националниот стадион и за големи инвестиции во спортот. Се надевам дека не е изборна кампања. Но, од Федерацијата ми велат дека тоа се сериозни работи и дека сега ќе инвестираат многу. Но, според мене, Хрватска нема ниту еден стадион кој би можел да биде домаќин на сериозен натпревар. Најдобриот стадион е во Риека. Осијек е нов, но е мал, а „Пољуд“ и „Максимир“ се срам“, изјави првиот човек на европскиот фудбал.

Се вчитува...