Чеферин: И да имавме ВАР, немаше да промени ништо на Реал – Јуве

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, е познат како голем противник на ВАР-технологијата. И откако дел од челниците на Јуве порачаа дека ВАР мора да биде наскоро да биде воведен и во европските натпреварувања, Чеферин останува на ставот дека технологијата немаше да промени ништо на дуелот Реал Мадрид – Јуве.

„Еве прашувам што ќе променеше ВАР технологијата. Дури и сега, по прегледување на снимката од сто пати, половина од луѓето велат дека беше чист пенал, а другата половина дека немало пенал. И тогаш ќе имаше одлука со која половина ќе се согласуваа, а половина не. На дуелот Сити – Ливерпул ќе ни беше корисен, но ќе се појавеа поинакви проблеми“ – истакна Чеферин.

Тој цврсто застана во одбрана на Пјерлуиџи Колина откако челниците на Јуве го нападнаа поранешниот судија, посочувајќи го како главен непријател на италијанскиот фудбал.

„Колина никако не може да биде виновен. Тој е како тренер што го избира тимот, најдобриот што може за да победи, но секогаш е можно да се случи некоја контроверзна ситуација што ќе го привлече вниманието“ – вели Чеферин.

Претседателот на УЕФА даде свој коментар и за критиките што Џанлуиџи Буфон ги упати кон судијата Оливер.

„Она што го кажа Буфон воопшто не е во ред, но од аспект на играч ја разбирам неговата фрустрација да се биде елиминиран во 93. минута“ – истакна првиот човек на европскиот фудбал.

Се вчитува...