Чеферин: Каква Суперлига!? УЕФА тоа никогаш нема да го дозволи!

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, изјави дека управното тело на европскиот фудбал никогаш нема да создаде или поддржи ексклузивно натпреварување, дополнително потврдувајќи го својот став против долго најавуваната европска Суперлига.

Дванаесет од водечките европски клубови, предводени од Реал Мадрид и Јувентус, а вклучувајќи шест од Премиерлигата, потпишаа планови за формирање на Суперлига во 2021 година. Арсенал, Челси, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Тотенхем ја претставуваа Англија, заедно со Милан, Интер, Јувентус, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Барселона како членови основачи.

Реконструираните планови беа објавени откако највисокиот суд пресуди дека забраната за клубовите да се приклучат на посебна лига е нелегална.

„Европа ги поставува стандардите во светскиот фудбал и токму затоа постои напад однадвор за преобликување на играта. Промените се дел од фудбалската приказна – тоа го знаеме многу добро, но трајната вредност доаѓа само од единството, рамнотежата и силата на сите, а не само на неколкумина“, рече Чеферин.

Откако создавањето на Суперлигата ја загрози Лигата на шампионите, УЕФА го реформираше натпреварувањето и го прошири.

„УЕФА никогаш нема, ниту би организирала, натпреварување само за 12 клуба. УЕФА сака инклузија, сака сонот да остане жив. Ќе се погрижиме нашиот клупски фудбал да биде инклузивен и секој да има шанса да ги освои најдобрите натпреварувања“, вели првиот човек на европскиот фудбал.

Чеферин е против првенствени натпревари надвор од Европа!

Претседателот на УЕФА предупреди дека играњето лигашки натпревари надвор од Европа може да го „скрши“ фудбалот, бидејќи се оддалечува од своите корени и заедниците што го обликуваат.

За прв пат, два првенствени натпревари ќе се играат во странство – Барселона и Виљареал во декември во Мајами, и Милано и Комо во февруари во Перт, Австралија.

УЕФА ги одобри тие натпревари неволно, а играчи како Адриен Рабио ги нарекуваат „апсурдни“.

„Фудбалот не е само сметководство. Не е само забава. Тоа е живот во нашите заедници, на улиците, во клубовите и меѓу навивачите кои го обликуваат. Ако го оддалечиме премногу од тие корени, ризикуваме да го уништиме“, рече неодамна Чеферин.

Чеферин истакнува дека фудбалот не е само забава и пари, туку дел од општеството и дека треба да се зачува во Европа.

УЕФА вели дека мнозинството навивачи, клубови и институции се против плановите, но дека рамката на ФИФА сè уште не е доволно јасна за официјално да се забрани играњето надвор од Европа.

Се вчитува...