Чеферин на состанок со Мицотакис поради инцидентите во Грција

Поради насилството на хрватските хулигани во кои животот го загуби навивач на АЕК, договорен е состанок со учество на челниците на Грција, УЕФА и клубовите.

Грчките медиуми јавуваат дека на 16. август претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА) Александар Чеферин ќе допатува во Атина каде ќе разговара со челниците на четирите најголеми клубови.

На таа средба, како што информираат Грците, ќе присуствува и премиерот на земјата, Кирјакос Мицотакис, кој го иницираше овој собир, на кој единствена тема ќе биде настанот што се случи и како да не се повтори.

Мицотакис и Чеферин веќе разговараа телефонски за трагедијата што се случи на 7. август во населбата Неа Филаделфија, во која загина навивачот на АЕК, Михалис Кацурис.

По тој повод договорија средба на која ќе бидат поканети претставници на најголемите грчки клубови Олимпијакос, Панатинаикос, ПАОК и АЕК.

Чеферин секако тој ден ќе има посета на Атина, но од сосема друга причина, бидејќи главниот град на Грција, поточно стадионот на Олимпијакос „Караискакис“ ќе биде домаќин на натпреварот за трофејот во Суперкупот на Европа меѓу Севилјаа и Манчестер Сити.

Се вчитува...