Чеферин не дозволува финале на ЛШ да се игра надвор од Европа

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, засега ја исклучува можноста финалето од Лигата на шампиите да се игра надвор од Европа. Изјавата на првиот човек на УЕФА доаѓа како реакција на шпекулациите што се појавија деновиве дека има преговори најважниот натпревар во европскиот клупски фудбал да се игра во Њујорк.

„Таа идеја не е на дневен ред. УЕФА не планира финале на ЛШ да се одигра надвор од Европа“ – изјави Чеферин за шпанскиот весник „Мундо депортиво“

Финалето од Лигата на шампионите во претстојната сезона планирано е да се одигра на 1 јуни 2019 година на стадионот на Атлетико Мадрид.

Идејата за одигрување на европски натпревари во САД веќе има и конкретна реализација. Шпанската Примера планира неколку натпревари од шампионатот да се играат надвор од Шпанија, односно во САД и во Канада. Идејата наиде наотпор кај фудбалерите што настапуваат во шпанските клубови.

Се вчитува...