Чеферин нема да се кандидира за нова мандат за претседател на УЕФА

И покрај разните приказни и најразлични најави, во четвртокот беа усвоени измените на Статутот на УЕФА со 49 од 55 гласа „за“, а измените на работните процедури на Конгресот на УЕФА едногласно. На прес-конференцијата по конгресот Александар Чеферин најави дека нема да се кандидира за реизбор во 2027 година, иако во печатот се пишуваше дека инсистирал на измени на Статутот токму за да добие нов мандат.

„Како што можете да замислите, главно ќе зборувам за промените во Статутот на УЕФА, но и за некои други работи поврзани со него. УЕФА е поделенаи во моментов нема поправка.Во однос на измените на Статутот. Две работи се важни – правни и фактички. Правно гледано, текстот мораше да се смени бидејќи тој од 2017 година беше нејасен и подоцна беше административно пречистен, без одобрение на Конгресот, што е незаконско. Законски, можев да ја водам УЕФА до 2031 година, без разлика на промените. Но, јас ќе се повлечам и решивме да направиме промени бидејќи така функционираат сериозните организации“, изјави Чеферин. 

Словенецот на чело на УЕФА дојде во 2016 година кога го наследи Мишел Платини.

Се вчитува...