Чеферин откри кога Русите ќе може да се вратат во европските натпреварувања

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин изјави дека руските клубови и репрезентации ќе може да се вратат на европскиот фудбал дури по завршувањето на конфликтот во Украина.

Тој ова го изјави за српскиот канал „Спортклуб“, на прашањето кога може да се очекува руските тимови и селекции да бидат повторно вклучени во натпреварите под прокровлителство на УЕФА.

„Русија ќе се врати во фудбалот во Европа само тогаш кога ќе заврши она што се случува во Украина“, изјави Чеферин.

Тој ја објасни и прекинатата соработка со руската компанија „Газпром“ која беше главен спонзор на тимот во ЛШ.

„Едноставно тоа мораше да се случи како еден вид симболичен чин. Стотици илјади ги гледаат натпреварите и не е вкусно да гледаат реклама на руска компанија. Многу ми е жал, но моравме да го сториме тоа“, изјави Чеферин.

На 28. февруари 2022 година, УЕФА донесе одлука за суспензија на руските клубови и репрезентации. Истиот ден УЕФА објави дека го раскинува спонзорскиот договор со „Газпром“, а потоа го одзеде и финалето на ЛШ кое требаше да се одржи во Санкт Петербург, па го премести во Париз.

Се вчитува...