Чеферин жестоко му возврати на Бобан: Не заслужува одговор, па не сум јас Ким Јонг Ун

Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Александар Чеферин, реагираше на заминувањето на Звонимир Бобан од федерацијата, како и на неговите коментари.

Звонимир Бобан оваа недела ја напушти УЕФА, велејќи дека нејзиниот претседател Александар Чеферин сака да го промени статутот за да обезбеди уште еден мандат, иако сегашниот треба да му биде последен.

„Заминувањето на Бобан не предизвика никакво значително нарушување, а камоли шокантни бранови во УЕФА и европската фудбалска заедница, дури и ако тоа беше неочекувано. Тој не го заслужува мојот коментар. Луѓето кои ме познаваат мене и него ќе донесат свои заклучоци. Голема грешка е да се сугерира дека УЕФА е непоправливо фрагментирана. Конгресот има моќ да ја одреди соодветноста на промената, но поединецот не. Ние веруваме во нашиот колективен и демократски процес на одлучување. Оваа промена не значи ништо, но се прикажува како да сум станал Ким Џонг Ун од Северна Кореја. Тоа не е точно, а одлуката за кандидатурата не зависи само од мене“, изјави Чеферин.

Се вчитува...