Чех ја објасни разликата меѓу Арсенал и Челси – Таму е како на погреб

Англиските премиерлигаши Арсенал и Челси вечерва во Баку го играат финалето од Лигата на Европа. Ќе биде тоа специјален меч за легендарниот чешки голман, Петр Чех кој последниот натпревар во дресот на Арсенал ќе го одигра вечерва, а претходно 11 години помина во клубот од „Стемфорд бриџ“.

Пред финалниот натпревар Чех ја објасни разликата меѓу двата тима.

„Мислам дека генерално во Арсенал нема притисок. Кога ќе ремизиравме во Челси, во соблекувалната беше како на погреб. До толку беше лошо“, вели Чех. 

Чешкиот интернационалец во редовите на Арсенал од Челси прејде за 14 милиони евра, а претходно во кариерата ги бранеше и боите на Бишани, Спарта Прага и на Рен.

Се вчитува...