Челси без муниција на стартот од новата сезона

Челси не успеа триумфално да ја отвори новата сезона откако актуелниот светски клупски првак одигра само 0-0 на домашен терен против Кристал Палас. Лондонската пресметка на „Стемфорд бриџ“ донесе интересен фудбал, Палас изненади со храбра игра и неколку шанси, додека „сините“ и покрај офанзивната формација на Мареска со Гитенс – Жоао Педро – Нето како навална тројка помогната од Палмер не успеаја да искреираат доволно пред противничкиот гол.

Впрочем, Кристал Палас ја имаше најубавата шанса на мечот, Езе по десетина минути игра постигна еврогол од слбооден удар, но истиот бепе поништен од ВАР поради блокот на Гехи, кој бил премногу блиску до живиот ѕид, поради што наместо погодок беше досуден индиректен удар.

„Сините“ се обидоа во вториот дел, младиот Бразилец Естевао внесе живот, но сепак и тоа беше недоволно да се најде пат до мрежата на Хендерсон.

Нотингем Форест ја оправда фаворитската улога против Брентфорд, лесно славејќи со 3-1 откако „шумарите“ веќе во првото полувреме стингаа до недостижна предност од 3-0. Вуд беше двоен стрелец за домашниот тим, деби со гол имаше и новото засилување Ндаје, по што Брентфорд во вториот дел само го ублажи поразот со голот на Тијаго од пенал во 78. минута.

Се вчитува...