Челси е светски клупски првак, Хаверц е херојот и во ова големо финале

Челси е новиот светски клупски првак откако лондонскиот тим ги обедини европската и светската круна по триумфот во денешното финале против Палмеираш, со 2-1 по продолженија од двапати по 15 минути. Идентично како и во финалето од ЛШ, стрелец на победничкиот гол беше Каи Хаверц, кој овојпат биеше прецизно од белата точка, носејќи нов голем трофеј на „Стемфорд бриџ“.

Првото полувреме мина без преголеми возбудувања, но затоа Челси поведе на самиот старт на вториот дел, откако Лукаку најдобро се снајде во шеснаесетникот и го матираше голманот на Палмеираш.

Бразилците се консолидираа и израмнија преку Веига во 64. минута, финалет отиде во продолженија, таму пресуди играњето со рака на Луан во сопствениот шеснаесетник. Судијата покажа на белата точка, а Хаверц го реализираше пеналот во 117. минута за прва светска круна на Челси во клупската историја.

 

Се вчитува...