Челси го бара Серхи Роберто

Челси се интересира за услугите Серхи Роберто од Барселона. Шпанецот е една од желбите на Конте, кој очигледно не завршил со ангажманите за ова лето. Раководството на „сините“ се согласува да ја исплати клаузулата од 40 милиони евра, но одговор од Барса ќе има само по конкретна понуда. Шампионот на Англија досега потроши 140 милиони евра за три засилувања, a италијанскиот стратег се уште разгледува неколку опции на маркетот.

Роберто е фудбалер од средниот ред, но по наредба на Енрике во Барса ги извршуваше и обврските на позицијата десен бек. Минатата сезона одигра 32 натпревари за „каталонците“, постигна само еден погодок, победничкиот против ПСЖ во последните секунди од реванш мечот во Лигата на шампиони.

Со него „сините“ дефинитивно би добиле на инвентивност во средниот ред, но прашање е дали тој ќе прифати преселба во клуб каде речиси сигурно ќе ја грее клупата, со оглед на интенцијата на Конте да настапува со двајца дефанзивни играчи за врска во стартниот тим (Канте и Бакајоко).

Се вчитува...