Челси го продолжува шампионскиот од – победа и над Стоук!

Челси го продолжува шампионскиот од славејќи на гостувањето против Стоук со 1-2 во 28. коло од Премиер лигата.

„Сините“ поведа рано со голот на Вилијан уште во 13. минута, Волтер од пенал во 38. минута израмни на 1-1. А, победата на Челси ја донесе Кејхил во 87. минута од натпреварот.

All Goals & Highlights HD – Stoke City 1-2… by Jek09Pre

Лестер, пак, стигна до триумф од 2-3 на гостувањето против Вест Хем во Лондон. Победникот беше решен уште во првото полувреме кога за Лестер стрелаа Махрез, Хат и Варди. За домашните погодија Ланцини во 20. минута и Ајев во 63. минута.

РЕЗУЛТАТИ – 28. КОЛО

Кристал Палас – Ватфорд 1-0

Евертон – Хал 4-0

Стоук – Челси 1-2

Сандерленд – Барнли 0-0

Вест Хем – Лестер 2-3

ТАБЕЛА: Челси 69 бода, Тотенхем (-1) 66, Манчестер сити 56, Ливерпул 55, Арсенал 50, Евертон 50, Манчестер јунајтед 49,…

Се вчитува...