Челси го знае лекот за „граѓаните“ на Гвардиола

Челси експресно го остави зад себе разочарувачкиот пораз од Кристал палас од пред неколку дена, па вечерва славеше во дерби пресметката со Манчестер сити со 2-1. Антонио Конте уште еднаш покажа дека го знае лекот за „граѓаните“ на Гвардиола, по вторпат сезонава успевајќи да го надмудри големиот ривал.

Еден Азар го доведе Челси во водство во раната фаза од мечот, Агуеро возврати во 28. минута, но само три минути подоцна Азар со својот втор гол, по одбиена топка по промашениот пенал, му ја донесе победата на тимот на Конте. Сити има за што да жали бидејќи гостите промашија две убави шанси во судиското продолжение, првата кога Куртоа го одбрани ударот на Агуеро, а втората кога Стоунс од пет метри непречен од никого не успеа да ја затресе мрежата на домаќините.

All Goals & highlights – Chelsea 2-1 Manchester… by footballderby

Тотенхем со феноменален пресврт славеше на гостувањето против Свонси со 1-3, останувајќи како единствен ривал на Челси во трката за титулата со седум бода заостанување зад лондонскиот ривал. Свонси водеше со 1-0 се до 89. минута на оваа средба, за потоа Деле Али да израмни на 1-1, па Сон и Ериксен во судиското продолжение да му донесат победа на тимот на Маурицио Покетино.

Swansea City vs Tottenham 1-3 All Goals… by sports-live1

По подолга пауза своите навивачи ги израдува и Арсенал, триумфирајќи со 3-0 на пресметката со Вест хем. „Чеканите“ одолеваа на налетите на Арсенал во првото полувреме, за потоа во вториот дел Озил, Волкот и Жиру да ги постигнат погодоците за „топчиите“.

All Goals HD | Arsenal 3:0 West Ham United 05… by brilche

Ливерпул загуби два значајни бода на трилер-мечот со Бурнемаут што заврши 2-2. Гостите први поведоа, „црвените“ направија пресврт преку Кутињо и Ориги, за Бурнемаут со голот на Кинг во 87. минута да го замолкне „Енфилд роуд“.

All & Goals & Highlights Liverpool 2-2 AFC… by lifefootball

Се вчитува...