Челси и Барселона подготвуваат мега трансфер – „два за еден“

Челси и Барселона можат да ја продолжат одличната соработка со нова размена на играчи со тоа што во Шпанија би се преселиле Маркус Алонсо и Цезар Азпликуета, а во Англија би заминал Френки де Јонг, пренесуваат шпанските медиуми.

Бековите на тимот од „Стемфорд Бриџ“ се расположени за враќање во татковината, а холандскиот играч од средниот ред кој беше блиску до премин во Манчестер Јунајтед неодамна се појави како топ трансфер цел на Томас Тухел.

Двата тима веќе извесно време преговараат, а новиот газда на „сините“, Американецот Тод Боели кој е дел од одлучувачкиот тим веќе се наоѓа во шпанскиот град од каде наскоро се очекуваат детални информации.

Се вчитува...