Челси и Манчестер Сити во битка за големиот талент на Барселона

Премиерлигашите Челси и Манчестер Сити влегуваат во битка за младата ѕвезда на Барселона, Илаиш Мориба. 18-годишниот Мориба минатата сезона под водство на Роналд Куман го имаше своето деби во каталонскиот клуб во кој покажа неколку одлични партии.

Младиот Мориба, кој потекнува од Гвинеја, а покрај во школата на Барселона беше дел и од младинските категории на Еспањол минатата сезона запиша 14 настапи на кои постигна еден гол.

Барселона има голем број проблеми со финансиите па најверојатно за жал ќе мора да се откаже од неговите услуги, а во редот за неговиот потпис седат премиерлигашите Челси и Манчестер Сити кои немаат никакви проблеми да го исплатат неговото обештетување. Во моментов на трансфер пазарот Мориба вреди 25 милиони евра.

Се вчитува...