Челси има план за дефанзивата: Со парите од Милан до засилување од Баерн Минхен

Челси изминатото лето потроши повеќе од 200 милиони евра на засилувања, а покрај играчите од средниот ред и нападот на „Стемфорд Бриџ“ пристигнаа и Бен Чилвел, Тигајо Силва и Маланг Сар со цел да се засили најлошиот сегмент од играта, одбраната. За разлика од претходната сезона, „сините“ изгледаат подобро во овој дел од теренот поготово по доаѓањето на Томас Тухел од кога имаат примено само еден гол, и тоа автоголот на Рудигер против Шефилд Јунајтед.

Под раката на германскиот стратег лондонскиот состав игра во формација со три стопери, а во преден план се Антонио Ругидер, Цезар Аспиликуета и Андреас Кристенесен, фудбалери кои влегуваат во последната година од договорот па пред управата на Челси се наоѓа битна одлука за тоа со кој играч да се продолжи соработката. Но, и покрај фактот дека Тухел на клупата ги има и Тијаго Силва и Курт Зума, германскиот стратег ќе се обиде да доведе нов дефанзивец.

Првата опција на Челси беше Давид Алаба, клубот имаше и преговори со Австриецот, кој на крајот најверојатно ќе заврши со редвоите на Реал Мадрид, се споменуваше и Дајо Упамекано, кој заврши со Баерн Минхен, па како трета опција „сините“ ќе се насочат кон Никлас Зуле.

Договорот на германскиот репрезентативец во баварците истекува во 2022 година, па доколку Баерн Минхен сака да заработи на дефанзивецот за кој платија 20 милиони евра во 2017 година ќе мора да го продадат ова лето. Стратегијата на Челси е јасна, трошење на парите кои ќе го добијат од Милан за продажбата на Фијако Томори, чија откупна клаузула изнесува 25 милиони евра.

 

Се вчитува...