Челси ја купува ѕвездата на Реал Мадрид

Преговорите за продолжување на соработката помеѓу Реал Мадрид и Рафаел Варан не се одвиваат во посакуваното темпо, а целата ситурација ќе се обиде да ја искористи Челси кој е во потрага по засилување на одбраната.

Французинот е незаменлив првотимец под палката на Зидан, но неговиот договор со „кралскиот клуб“ истекува следното лето па доколку Реал Мадрид сака да заработи од стоперот ќе мора да го продаде ова лето. 28-годишникот се очекува да биде заменет со Давид Алаба чие пристигнување на „Сантијаго Бернабеу“ е договорено, а фали само официјалната промоција.

За услугите на Варан се заинтересирани повеќе англиски тимови, како и ПСЖ, но медиумите на „Островот“ предноста му им ја даваат на сините од „Стемфорд Бриџ“. Неговиот трансфер се очекува да биде околку 70 милиони евра.

 

Се вчитува...