Англискиот премиерлигаш Челси успешно чекори кон осминафиналето во Лигата на Европа. Тимот на Маурицио Сари славеше со 1-2 на гостувањето во Шведска против Малме. Рос Баркли го постигна првиот гол, а Оливие Жури на спектакуларен начин, со петица, го постигва вториот, за водство од 0-2. Во завршницата Кристијансен погоди за Малме.
Стефан Ристовски и неговиот Спортинг Лисабон се поразени (0-1) на домашен терен од Вилјареал. Македонскиот интернационалец влезе во игра во 28.минута од мечот, а стрелец за Вилјареал беше Алфонсо во третата минута.
Валенсија на гости го совлада Селтик со 0-2, со головите на Черишев и на Собрино. Успешен беше и Наполи на гости (1-3) против Цирих. Инсиње, Каљехон и Зиелински ги постигнаа головите за „наполитанците“. Клуб Бриж го совлада Салцбург со 2-1, а Шахтјор Доњецк и Ајнтрахт Франкфурт ремизираа 2-2. Плзен обезбеди предност од 2-1 против Динамо Загреб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА