Челси ова лето ќе стигне до двоцифрен број на засилувања. По најавените трансфери на Јорел Хато и Чави Симонс се очекува да биде реализиран и трансферот на отпишаниот талент на Манчестер Јунајтед, Алехандро Гарначо.
Аргентинскиот фудбалер кој потекнува од младинската школа на Манчестер Јунајтед беше трансфер цел на „сините“ и во минатото, но тогаш преговорите не беа успешни. Сега околностите се други, за 21-годишникот повеќе нема место на „Олд Трафорд“ па и „црвените ѓаволи“ со нетрпение чекаат да се ослободат од неговите услуги со цел „чиста“ заработка бидејќи беа издвоени само околку 500 илјади евра при преселбата во младинскиот тим од Атлетико Мадрид.
Трансферот на Гарначо се очекува да изнесува околку 35 милиони евра со тоа што неговата реализација зависи и од два фактори кои сепак се очекува да бидат исполнети.
Тоа е трансфер на Бензамин Шешко во Манчестер Јунајтед и заминувања на дел од 17-те фудбалери кои се наоѓаат на отписната листа на Енцо Мареска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

