Арсенал уште еднаш не успеа да стигне до најпосакуваниот европски трофеј. По поразот на пенали од ПСЖ, „топчиите“ останаа со празни раце, а нивниот градски ривал Челси веднаш ја искористи шансата за провокација.
Со овој пораз на Арсенал, Челси останува единствениот фудбалски клуб од Лондон кој некогаш ја освоил Лигата на шампионите. Сините од „Стемфорд Бриџ“ не губеа време и веднаш по завршувањето на натпреварот објавија провокативен статус на социјалната мрежа „Х“.
Во објавата која брзо стана вирална, Челси испрати директна порака до сите туристи кои го посетуваат главниот град на Англија.
„Ако сте турист во Лондон и сакате да го видите трофејот од Лигата на шампионите, дојдете на Стемфорд Бриџ“, напишаа од Челси.
Come and visit London’s Home of Trophies. 🏆
Book your Stadium Tour at Stamford Bridge now. ⭐️⭐️
— Chelsea FC (@ChelseaFC) May 30, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
