Челси на пенали го елиминира Норвич во ФА купот на Англија

Англискиот првак Челси го продолжува патот во ФА купот на Англија, откако дури по изведување пенали успеа да го елиминира Норвич. Сите очекуваа тимот од „Стемфорд бриџ“ рутински да ја заврши работата, а посебно откако Мичи Батшуаи во 55.минута постигна водечки погодок.

Но, Џамал Луис во последната минута од судиското продолжение постигна гол за израмнување, па мечот мораше да оди во продолженија, 2 х 15 минути. Откако немаше промена на резултатот, следеа пеналите,а фудбалерите на Челси се покажаа како поголеми мајстори и славеа со 5-4.

Се вчитува...