Епизодата на Рахим Стерлинг на „Стемфорд Бриџ“ ќе заврши ова лето. Поранешниот англиски репрезентативец е прекуброен во Челси кој ја преполни неговата позиција со млади, перспективни фудбалери па неговите високи примања се само терет за клубот.
Минатата сезона ја помина на позајмица во Арсенал, а сега ќе настапува надвор од Англија. За неговите услуги заинтересиран е Трабзонспор кој може да му понуди богат договор. Според англиските медиуми постои интерес и од самиот Англичанец па се очекува и реализација на трансферот вреден 10 милиони евра.
Стерлинг пред Челси настапуваше и за Ливерпул и Манчестер Сити закитувајќи се со четири титули во Премиерлигата и вкушно шест во Куп натпреварувањата во Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

