Челси не се дава лесно: Триумф над Барнли за надеж за ЛШ… (ВИДЕО)

Челси ја продолжува битката за четвртата позиција во Премиер лигата која носи во Лигата на шампионите следната сезона, откако во 34. коло славеше на гостувањето против Барнли со 1-2.

Тимот на Антонио Конте дојде до предност со автоголот на Лонг уште во 20. минута од средбата. Домашните израмнија преку Барнс во 64. минута, а Челси повторно дојде до водство и триумф од 1-2 со голот на Мосес во 69. минута…

По оваа победа Челси со 63 бода, повторно е на пет бода од Тотенхем кој е на четвртото место. До крајот на шампионатот остануваат уште четири кола.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...