Челси не запира, го потпиша и капитенот на Ајакс

Челси го продолжува трендот на трошење на мултимилионски суми на нови засилувања, откако новиот светски клупски шампион попладнево комплетираше уште еден трансфер.

Капитенот на Ајакс, Џорел Хато, е нов член на лондонските „сини“ откако потпиша договор на седум години со тимот од „Стемфорд бриџ“. За услугите на овој 19-годишен дефанзивец се интересираа бројни клубови ширум Европа, но Челси успеа да постигне договор со Ајакс, ангажирајќи го Хато за почетна сума од 43 милиони евра.

„Возбуден сум и пресреќен што сум овде. Долго размислував за иднината, за мојот следен чекор во кариерата, искрено верувам дека Челси е најдобриот клуб за мене во моментов. Верувам дека со добри игри овде ќе можам уште повеќе да напредувам како фудбалер“, изјави Хато.

„Сините“ не планираат да застанат со овој трансфер, во завршна фаза се и преговорите со Лајпциг за Чави Симонс, а Енцо Мареска покажа сериозен интерес и за Гарначо од редовите на Манчестер јунајтед.

Се вчитува...