Челси немилосрден кон Брајтон… (ВИДЕО)

Челси без поголеми проблеми стигна до триумфот на гостувањето против Брајтон во 24. коло од Премиер лигата.

Тимот од „Стемфорд бриџ“ славеше со 0-4, најавувајќи го триумфот по само шест минути игра. Најпрво во 3. минута погоди Азар, а потоа во 6. минута стрелаше и Вилијан. Во второто полувреме следеа и погодоците на Азар во 77. минута, а Мозес во 89. минута заокружи на 0-4.

По оваа победа, Челси со 50 бода се проби на делба на втората позиција на табелата со Манчестер јунајтед кој од 16 часот гостува на Барнли. На врвот од табелата е Манчестер сити со 62 бода.

Се вчитува...