Челси останува доследен на намерата да го реализира трансферот на младиот аргентински ас од редовите на Манчестер Јунајтед, Алехандро Гарначо официјално испраќајќи понуда до ривалот.
Манчестер Јунајтед за 20-годишникот бара сума од 70 милиони евра, која може да претставува проблем за лондонскиот клуб, како што претставуваше и за Наполи кој се откажа од негов трансфер по одбиените 50 милиони евра.
Гарначо кој е роден во Шпанија, но се одлучи да игра за аргентинската репрезентација оваа сезона постигна три голови за Манчестер Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА