Бројните засилувања и во овој летен трансфер период донесоа уште позасилена конкуренција во Челси со која не сака да се натпреварува младиот напаѓач Тајрик Џорџ кој веќе побарал да замине од клубот до крајот на месецот.
Дветнаесетгодишникот е продукт на школата на Челси, минатата сезона доби и прволигашка шанса која ја искористи со два гола и две асистенции, но во овој период од кариерата сака да има загарантирано место во тимот.
За негов ангажман постои сериозен интерес од повеќе клубови од Бундеслигата и Премиерлигата како Лајпциг, Борусија Менхенгладбах, Тотенхем и Барјтон.
Според популарниот „Трансфермаркт“ вредноста на напаѓачот е 10 милиони евра, но реализација на трансферот би го чинел заинтересираниот клуб двојно повеќе со оглед на талентот и потенцијалот кој го прикажува.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

