Уште шест фудбалери на Челси можат летово да го напуштат клубот, откако „сините“ се одлучија да им дадат зелено светло да го напуштат клубот.
Николас Џексон, Кристофер Нкунку, Бен Чилвел, Рахим Стерлинг, Аксел Дисаи и Ренато Веига се фудбалерите кои може да си бараат нови средини во овој трансфер преоден рок.
Моментално нема информации каде овие играчи ќе ги продолжат своите кариери, но наводно повеќето веќе се во преговори. Дел од овие беа на позајмици во други клубови.
Досега Челси го напуштија Нони Мадуеке, Жоао Феликс, Ѓорѓе Петровиќ, Лесли Угочукву, Кирнан Девсбери-Хал, Армандо Броја и Матис Амугу. Од друга страна тимот го засилија Педро, Гитенс, Хато, Делап, Естевао, Есуго, Сар и Паез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

