Челси тргнува по потпис на ѕвездата на Барселона

Челси и понатаму има празнина во нападот по заминувањето на Ромелу Лукаку, а „сините“ ќе се обидат да ја пополнат „дупката“ со ангажман на Пјер Емерик Обамејанг, пренесува Фабрицио Романо. Габонскиот репрезентативец кој ги брани боите на Барселона е добро познат за тренерот Томас Тухел и во него гледа клучен играч за новата сезона.

Триесетитригодишниот напаѓач веќе има богато искуство во Премиерлигата каде помина четири сезони во дресот на Арсенал. На вкупно 163 натпревари за „топџиите“ постигна 92 гола па неговите способности се добро познати на „Островот“.

Обамејанг во јануари оваа година премина како слободен играч во Барселона, а доколку дојде до трансфер во Челси каталонците би заработиле околку 20 милиони евра. Продажбата е и во полза на шпанскиот тим кој по серијата на нови засилувања мора да продава со цел да не го крекрши финансискиот фер-плеј.

Се вчитува...