Червар: Не сакаат да работам во Хрватска, па одам во Македонија да учам туѓи деца!

Искусниот хрватски тренер Лино Червар е нов тренер на Е. Пелистер. Битолскиот клуб денеска ја потврди веста која вчера беше актуелна.

75-годишниот Хрват ќе го води новиот проект на „зелено-белите“ со една цел – да се врати титулата во Битола, и да се направи успех на меѓународна сцена. Со битолчани се договори за двегодишна соработка.

Червар после девет години се враќа во Македонија, откако го водеше Металург од 2009 до 2017 година, а паралелно во последната година и македонската репрезентација.

И самиот Червар денеска во изјава за хрватски „24 часа“ ја потврди веста дека ја презема клупата на Пелистер, нагласувајќи дека тоа доаѓа затоа што не можел да работи во Хрватска.

„Луѓето од Пелистер имаа голема желба да дојдам. Со оглед на тоа што не можам да работам во Хрватска, морам да го пренесам знаењето и искуството во туѓа земја, на туѓи деца. Имам поинакво мислење, теорија на обука, но не можев да работам тука“ – изјави кратко Лино за „24 часа“.

Се вчитува...