Червар еуфоричен: Со една реченица ги разбудив ракометарите…

Хрватскиот селектор Лино Червар имаше причина да биде пресреќен по големиот триумф над Германија, со кој „коцкестите“ си го обезбедија местото меѓу најдобрите четири селекции во светот. Хрватска покажа карактер, враќајќи се од пет гола негатива, а Червар по мечот откри како успеал да ги мотивира своите избраници кога работите не одеа онака како што посакуваа.

„Играа страшно остро на нас, ги загубивме нервите и затоа не бевме вистински во првото полувреме. Сепак, на крајот се покажа дека вештината и упорноста победуваат. Кој беше мојот совет до играчите? Дека не прифаќам пораз, дека можеш да загубиш само ако се предадеш, а тие не смеат да се предадат. Пораката е и до родителите бескрајно да ги сакаат своите деца и да им помогнат кога е тешко. Спортот испраќа силни пораки“, изјави Червар.

Хрватите во следното коло ќе се сретнат со Чешка, за потоа во последната рунда од главната фаза, во дуел со Шпанија да решаваат која од овие две селекции ќе го освои првото место во групата.

Се вчитува...