Червар: Металург има потенцијал… Брестовац: Загреб беше подобар во секој поглед

Металург претрпе очекуван пораз од Загреб во новото коло од СЕХА-лигата, а на Данило Брестовац не му преостана ништо друго освен да му честита на поквалитетниот противник.

„Загреб беше подобар од нас во систе аспекти на играта. На периоди успевавме да бидеме конкурентни и да им парираме, но она што ме загрижува е новиот пад во второто полувреме, што е потврда дека пред нас е уште многу работа. Би било убаво и да се засилиме, верувам дека ќе бидеме се подобри како што ќе минува времето“ – изјави Брестовац.

Загреб на клупата го имаше Лино Червар, за кого ова беше прв дуел против Металург по осумте сезони минати на кормилото на клубот од Автокоманда.

„Овој меч беше емотивен за мене бидејќи јас живеев со Металург осум години. Сметам дека заслужено победивме, а Металург со играта покажа дека поседува потенцијал“ – порача Червар.

Се вчитува...