Червар минува низ семејна драма: Тешко ми е, сопругата ми е болна, помалку мислам на ракомет….

Загреб приреди вистинска сензација со победата против Фленсбург во Лигата на шампионите. Поранешниот македонски селектор, Лино Червар успеа да креира екипа која буквално го сруши германскиот шампион, сега најавувувајќи можност за нови високи европски дострели.

Но, во моментите на ракометно славје, Лино Червар преживува семејна драма…

„Тешко ми е, имам уште една голема борба. Сопругата ми е болна. Во животот таа ми беше најголема помош за се, па сега мора да бидам со неа кога е најтешко. Среќен сум што луѓето кои работат со мене тоа го чувствуваат и помагаат, па некои гостински натпревари ќе ги одработат без мене“ – вели Червар.

А, кога станува збор за ракометот јасно дека е триумфот над Фленсбург силно одекна во европскиот спортски свет…

„Ние претходно заборавивме дека спортот е надигрување и забава и дека во него треба да се ужива. Затоа и заборавивме да победуваме. Сега повторно уживаме во натпреварите и веруваме дека можеме. Сега Европа и Германија зборуваат за некои безимени ракометари кои го победија нивниот шампион. Сега повторно ќе не почитуваат“ – вели Червар.

Се вчитува...