Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре (20.45 часот) ги започнува настапите во ЕХФ Лигата на Европа и тоа пред своите гледачи во салата „Боро Чурлевски“. Битолчани европската авантура сезонава ќе ја започнат против шпанскиот тим Ла Риоха.
Сезонава екипата ја предводи легендарниот Лино Червар кој е свесен за тежината на натпреварот и за очекувањата на јавноста.
„Нè поставија како фаворити пред Гумерсбах и Логроњо Ла Риоха, а тоа е малку преамбициозно. Но, тоа за нас нема никакво значење, ние мораме добро да се подготвиме. Многу го ценам шпанскиот ракомет, Ла Риоха е клуб против кој веќе сум играл и има голема традиција и ќе биде тежок натпревар. Нè чека напорна работа, играчите мора да бидат подготвени, а и ние, со многу енергија и ментална сила, вели Червар.
Адутот за победа на стартот во Лигата на Европа според Червар е одбраната како и навивачите.
„Кога некој игра добра одбрана, тогаш има голема шанса да победи на натпреварот. Ова е наш прв натпревар оваа година во Европската лига, а луѓето очекуваат многу од нас. Многу сум задоволен од атмосферата меѓу играчите и очекувам многу публика. Навивачите се многу поврзани со нашиот клуб, ниту еден успех на Пелистер не би бил можен без публиката. Навивачите се нашата сила, наш играч повеќе. Но, ние тоа мора да го оправдаме. Мора да покажеме енергија, желба, страст за победа и тоа е исклучително важно. Затоа јас верувам во мојот тим, верувам во Пелистер, затоа сум тука.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
