Червар: Победивме како тим, Македонија живее за ракометот

Металург ја оствари целта, на домашен терен славеше против Чеховски медведи во последниот натпревар од Лигата на шампионите. Од првата до последната минута „металурзи“ беа во предност и ја држеа играта во свои раце што на крај им донесе и заслужен триумф, вкупно петти сезонава во ЛШ.

„Мислам дека заслуживме да бидеме трети во групата и по бодовите и по играта. Ова е наш најдобар пласман во овие две години. Што се однесува до играта,  бевме трпеливи, брзо се одвоивме и помалку или повеќе, во текот на целиот меч ние диктиравме темпо. Ова е победа на тимот. Може некој да се истакне, но на крај од сезоната во Лигата на шампионите, честитките одат на целиот тим . И честитки заслужува нашата публика. Македонија навистина живее за ракометот“ – истакна по натпреварот Лино Червар.

Се вчитува...