Червар: Покажавме дека не сме за фрлање

mec baner

Селекторот на македонската репрезентација, Лино Червар, изрази задоволство од изданието на нашата репрезентација при поразот од Шпанија. Според Хрватот, кратката клупа и недоволната ротација придонела да дојде до пад во второто полувреме, кога фаворитот успеа резултатски да се одлепи.

Честитки до Шпанија за победата. Ние одигравме одлично прво полувреме, во кое направивме само неколку грешки во нападот. Сепак, мислам дека во второто полувреме имавме еден проблем, немаме долг ростер за измени, Шпанците имаат подолга клупа и го искористија тоа. Штета е што не водевме по првото полувреме бидејќи игравме одлично. Не можам да ви опишам колку ја посакував оваа победа, тоа ќе беше сензација, сакав на сите да им покажеме дека не сме за фрлање по оној пораз од Словенија. Без оглед на поразот вечерва, мислам дека го докажавме тоа. Пред натпреварот размислувавме дека ако противникот рано се одлепи можеби ќе одмориме дел од играчите, но ете останавме во мечот до самиот крај, се боревме лавовски, онака како што барам јас и како што посакува цела Македонија“ – изјави Червар.

Македонскиот кормилар ги посочи и неколкуте судиски пропусти како многу важен фактор при одредувањето на победникот.

Ова беше одличен меч, неизвесен до самиот крај и не дозволи да биде решен од страна на судиите. Беше израмнето се додека тие не ги зедоа работите во свои раце, прво непостоечки пенал за Шпанија, па недосуден седмерец за нас, на крај и смешно исклучување на Миркуловски. Судиите победија за Шпанија, јас лично им го реков тоа по мечот. Штета, бидејќи моите играчи не заслужија ваков третман од арбитрите со борбата и оставеното срце на терен“ – истакна Лино Червар.

Се вчитува...