Червар: Со паметна игра да ги намалиме контрите на Словенија

mec baner

Ремито меѓу Исланд и Тунис придонесе Македонија денеска да не биде прогласена за сигурен осминафиналист на мундијалот. Сепак, Лино Червар не е разочаран, бидејќи ионака од претходно најавуваше дека се на крајот ќе зависи од нашите игри и резултати.

Не треба да се биде разочаран, не треба да се гледа со негативност. Точно е, ќе беше подобро ако бевме осминафиналисти, но и вака сме многу блиску до следната рунда. Се ќе зависи од нас, ни треба еден бод на следните три натпревари за да сме сигурни и да не зависиме од никого, верувам дека ќе успееме да го освоиме“ – позитивно е расположен македонскиот селектор.

Червар има пофални зборови за квалитетот на противникот, но и е знае што ќе биде неопходно да се стори за да се стигне до позитивен резултат.

Веќе кажав дека тие физички не делуваат премногу моќно и импресивно, но затоа се фантастични кога станува збор за тактичко техничкиот дел. Играат брз ракомет, играта им се заснова на централните бекови, па во ситуација кога ги немаат Зорман, Бомбач и Скубе, тие сепак се крајно опасни со Безјак и со Зарабец. Тоа не значи дека се непобедливи, но ќе треба пред се да бидеме поборбени од нив, да ги победиме со поголема желба. Исто така, ќе треба да играме паметно во нападот, да не грешиме во ситуации „седум на шест“ како против Ангола. Доколку сме паметни во нападот, ќе ги ограничиме и нивните контри и полуконтри, а потоа со една цврста зонска одбрана верувам дека можеме да ги неутрализираме нивните играчи во нападот“ – откри дел од својот план за утрешниот дуел Лино Червар.

Се вчитува...