Чешка ја совлада Македонија на младинското Европско првенство

Женската ракометна репрезентација на Македонија до 19 години го забележа третиот пораз на Европското првенство. Овој пат од Македонките подобри беа врничките од Чешка кои славеа со 29-24.

Чешките ракометарки подобро го отворија натпреварот и поведоа со 3-1, но македонската репрезентација не дозволи противникот да направи значајна предност. Македонија неколку пати успеваше да изедначи, а со голот на Стефаноска при самиот крај на првото полувреме и да поведе со 12-13.

Сепак почетокот на вторите 30 минути повторно беа во знакот на Чехинките кои со серија од 5-0 ја превземаа предноста, а овој пат не ја испуштија и покрај обидите на нашите ракометарка за камбек во натпреварот. Во неколку наврати избраничките на Дамчевска имаа негатива од еден напад, но противникот не дозволи егал приредувајќи мирен финиш на средбата.

Со шест гола Сара Стефаноска беше лидер на Македонија, додека неа ја следеше Марија Јанкуловска со пет гола. Во листата на стрелци се запишаа и Дукоска, Равојска, Теодора и Бојана Коцева, Еленин, Ризоска и Младеновска.

Се вчитува...