Чешка му даде отказ на селекторот Карел Јаролим

Фудбалската репрезентација на Чешка остана без селекторот Карел Јаролим, кој доби отказ по убедливиот пораз на пријателскиот натпревар против Русија (5-1).

„Ситуацијата беше неодржлива и моравме да реагираме брзо и енергично. Се договоривме со Карел за прекин на соработката и потребна ни е свежа крв“, изјави претседател на Фудбалската федерација на Чешка, Мартин Малик.

Претходно, Чешка загуби и од Украина во Лигата на нации (1-2), а доживеа убедлив пораз од Австралија (0-4) во пријателски натпревар.

Се вчитува...