Чешка рапсодија во Кина – Чесите го декласираа Бразил

Чешка изненадувачки го декласираше  Бразил со 71-93 во првиот меч од К групата на Светското првенство во Кина.

Во израмнета прва четвртина, Чесите успеаја подобро да се снајдат и да ја добијат со минимални 16-20. Во вториот период следуваше експлозија на збраниците на Ронен Гинзбург и со одлична игра особено во одбраната успеаја на полувреме да заминат со плус тринаесет (32-45).

Во второто полувреме продолжи „газењето“, а разликата на семафорот само се зголемуваше. Во 35. минута Чесите стигнаа и до највисоките плус 29 (54-83). До крајот Бразилците успеаја само да го намалат поразот, за конечна победа на Чешка од 71-93.

Саторански со 20 поени беше првот име во победничкиот табор, додека Балвин уфрли 15, а Ауда 14 поени. Кај Бразилците Виктор Бените имаше 12 поени.

Се вчитува...