Тенисерката од Чешка ја освоија титулата на „Били Џин Кинг купот“ откако во големото финале славеа над Украина со 2-0 во победи. За Чешка ова е 12. трофеј во престижното репрезентативно натпреварување, но прв по пауза од осум години.
За Украинките ова беше прво финале во историјата, но Калињина и Свитолина паднаа на последната пречка, не успевајќи да стигнат до големиот пехар.
Каролина Мухова го отвори финалето со рутинска победа од 6-2, 6-4 над Калињина, а во втториот меч шампионката на Вимблдон, Линда, Носкова, беше подобра од Свитолина со 6-3, 7-6.
„Секој меч е многу важен. Многу ми е мило што не моравме да играме дубл, тој одлучувачки меч кој секогаш е најстресен од сите. Конкуренцијата беше силни, пресреќни сме што на крајот излеговме како победнички“, изјави Носкова по големиот триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
