Чешко финале на Вимблдон: Носкова втора финалистка

Чешка ќе добие шампион на Вимблдон годинава во женска конкуренција, откако Линда Носкова ја победи Украинката Марта Корјук со 2-0 (6-4, 6-4), и ќе се соочи со својата сонародничка Каролина Мухова во финалто.

Победничката ќе ги следи стапките на Јана Новотка, Петра Квитова, Маркета Вондроушова и Барбора Крејчикова како чешки победници тука во последните 30 години. А пред нив беше Мартина Навратилова, деветкратната шампионка, која е родена и израсната во тогашна Чехословачка пред да пребегне во Соединетите Држави во 1975 година.

За Носкова ова е прво грен-слем финале, и најголем успех во својата кариера.

Се вчитува...