Честитки за трофеите: „Шпалир“ од Реал за Бетис, па „шпалир“ од Бетис за Реал

Бетис и Реал Мадрид се среќаваат вечерва во рамките од последното коло во Ла Лига, дуел што двата тима го искористија за да им го честитаат освоениот трофеј на противниците.

Имено, пред почетокот на средбата најпрвин во шпалир се наредија фудбалерите на Реал, кои со аплаузи ги наградија играчите на Бетис, како честитка за освоениот пехар во Копа дел реј.

Гостите не останаа должни, па веднаш потоа тие зазедоа став и во шпалир му ја честитаа на Реал титулата во Примера дивизион.

Се вчитува...