Четири гола и по еден бод за Арсенал и за Сити

Арсенал и Манчестер сити одиграа 2-2 на „Емирати“ во дерби дуелот од ова коло во Премиер – лигата. „Топчиите“ ја прекинаа серијата порази, а „граѓаните“ ја продолжија низата ремија.

Лирој Сане во петтата минута ги доведе „граѓаните“ во водство, а Тео Волкот израмни во 40.минута. Сепак, само две минути подоцна, Серхио Агуеро повторно му донесе предност на Манчестер сити.

Арсенал не се предаде, па во вториот дел успеа да израмни со голот на Шкодран Мустафи во 53.минута.

Arsenal vs Manchester City 2-2 All Goals… by YNWAHD

Се вчитува...