Четири кандидати за организација на Мундобаскетот 2023

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) соопшти дека досега има четири кандидати за организација на Светското првенство во кошарка, во 2023. Во конкуренција за домаќин на мундобаскетот се Русија и Турција со поединечни кандидатури, а за заедничка организација конкурираат Аргентина и Уругвај, односно Јапонија, Филипини и Индонезија.

Рокот за пријавување на заинтересираните кандидати истекува на крајот на август, а одлуката за домаќинот на Мундобаскетот 2023, ФИБА ќе ја донесе на состанокот на Централниот одбор во ноември или декември годинава.

Мундоибаскетот 2023, после Кина 2019, ќе биде втор на кој ќе учествуваат 32 земји и втор што ќе се одржи во непарна година и ќе биде увертира за олимпискиот турнир на ОИ 2024.

До 2014 кога домаќин на СП беше Шпанија, кошаркарските мундијали се „поклопуваа“ со фудбалските. ФИБА процени дека тоа го намалува маркетиншкиот потенцијал на нејзините натпреварувања и беше одлучено мундобаскетот да се помести за една година после СП во фудбал.

Се вчитува...