Четири златни медали за Јадранка Недева на ЕП, осма европска титула и за Дејан Недев (ФОТО)

Македонската каратистка Јадранка Недева е најуспешна натпреварувачка на Европското првенство во традиционално карате во сениорска конкуренција кои изминативе денови се одржа во Белград Србија.

Недева освои вкупно четири златни медали, и тоа во во кати, фукуго и кого кумите во поединечна конкуренција, како и со ката тимот за жени во состав Јадранка Недева, Емилија Јанчевска и Мила Младеновска.

Претходно и Дејан Недев стана европски шампион во кати за сениори. Ова за Дејан Недев е осма европска титула во неговата богата натпреварувачка кариера. Првата титула ја освои пред 10 години на ЕТКФ ЕШ во Ерусалим, Израел во 2011 година.

На Европското првенство во Белград учествуваа повеќе од 750 каратисти од 20 земји.

Се вчитува...