Четворица „кралеви“ во тимот на годината на УЕФА

Европскиот првак Реал Мадрид има четири претставници во тим на годината во избор на УЕФА. Најдобрите единаесетмина се избрани со гласови од навивачите. „Кралскиот клуб“ го претставуваат капитенот Серхио Рамос, како и Рафаел Варан, Марсело и најдобриот светски фудбалер Лука Модриќ.

Во најдобриот тим се и голманот Марк Андре Тер Штеген, Вирџил ван Дајк, Нголо Канте, Еден Азар, Килијан Мбапе, Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Се вчитува...