Четврти „Лауреус“ за Усаин Болт

Најбрзиот човек на сите времиња, Усаин Болт, е добитник на наградата „Лауреус“ за 2016 година, откако успеа да освои три златни медали на Олимписките Игри во Рио де Жанеиро. Тоа е четврти „Лауреус“ за Болт, кој успеа да се израмни по бројот на ваквите признанија со Роџер Федерер и со Серена Вилијамс. Тој го наследи Новак Ѓоковиќ, кој беше добитник на оваа награда во 2015 и во 2016 година.

„Го остварив сето она што го посакував во спортот“, изјави кусо Усаин Болт при добивањето на наградата.

На манифестацијата што се одржа во Монако, присуствуваа голем број истакнати спортисти, а награди добија и Нико Розберг, Мајкл Фелпс, Симон Бајлс, Фенсер Беатрис Вио, англискиот премиерлигаш Лестер…

 

Се вчитува...